Вечерва со почеток во 19.00 часот во Ресторан ,,Билјанини извори” во Охрид,  ќе се одржи Голема филантропска свеченост како завршен дел од  проектот „ Филантропија човекољубие на дело“.

Во рамки на настанот  ќе  бидат доделени признанија на 42 филантропи кои во текот на изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата во Охридско-струшкиот регион. Паралелно со доделувањето на признанијата ќе биде промовиран  и „ Каталогот на Филантропи од Охридско-струшкиот регион“ кој беше изготвен врз основа на неколкумесечното истражување.

Освен филантропите, на настанот ќе присуствуваат и претставници на Локалните самоуправи на Охрид и Струга, како и претставници на неколку јавни институции и организации од двете општини.

OhridNews