Со натпреварите за третото место и големото финале вечерва во Волино ќе биде спуштена завесата на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“.

Во натпреварот за третото место ќе се сретнат Инекс Олгица и ДОЕЛ Ноче, екипи кои беа запрени во полуфиналето од БЗ Груп, односно Сатеска.

Кулминацијата на вечерта ќе биде големото финале меѓу БЗ Груп и Сатеска. Бранителот на трофејот Сатеска во полуфиналето со 2:0 го совлада ДОЕЛ Ноче, додека БЗ Груп со пресврт славеше над Инекс Олгица со 2:1.

За Сатеска ова ќе биде можност да го одбрани трофејот освоен минатата година, додека БЗ Груп ќе атакува на победничкиот пехар.

Завршница – 28 август:

Инекс Олгица – ДОЕЛ Ноче – натпревар за 3. место
БЗ Груп – Сатеска – ФИНАЛЕ

Завршницата традиционално се игра на големиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, по кој турнирот го носи името.

OhridNews ќе реализира директен пренос (LIVE STREAM) од завршните натпревари на „Богородица куп 2026“ со почеток во 21:30 часот.