Во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт.
Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, а концертот го поддржуваат и лајанс клубовите од Охрид кои ќе партиципираат со купување влезници.
На концертот ќе настапат млади музички таленти, како и хорот при охридската гимназија кои ќе изведуваат песни од Тоше.
Влезницата е со симболична цена од 100 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.












