Вечерва и утре, со почеток во 20 часот, охридскиот Народен театар ќе ја изведува претставата „Емигранти“, работена според текст од Славомир Мрожек, а во режија на Ирена Стеријовска.

Во претставата играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ. Продуцент е Горан Стојаноски, музика Стрезо Стаматовски, музичка изведба Ѓоко Алоски, сценографија Владимир Ѓорески – Рафик, костимограф Кристина Мукоска Затуроска, инспициент е Филип Ангеличин – Жура, за дизајнот се погрижи  Номче Џулески. Сценска изведба Борис Велјаноски и Светло Зоран Левески.

Карти за претставата можат да се набават на билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 15 часот.

OhridNews