Денеска со почеток од 20:30 часот, во Мизејот „Робевци“ ќе биде отворена изложбата „Сонувајќи со ѕвездите” од Ана Андроска од Скопје.

До сега, Ана Андроска има реализирано 2 самостојни изложби: „Лајка” 2007 во отвореното графичко студио при Музеј наград Скопје и „Сонувајќи со ѕвездите” 2012 во Национална галерија на Македонија – Чифте амам.

Андроска е сликар и графички дизајнер од Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 2006.

Инаку, изложбата е во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ од Охрид.

OhridNews