Полуфиналистите на меморијалниот турнир за мал фудбал “Стефан Толески“ ќе бидат познати вечерва по комплетирањето на сите мечеви.


Во А групата како првопласирана заврши Вис Пој, а по откажувањето на ГП Млаче и службените 3-0 за Жито Леб, вториот патник од оваа група ќе биде познат по одигрувањето на мајсторка меѓу Џале Турс и Жито Леб.

Меѓусебниот нивни меч во групата заврши без победник  2-2.

Интересно и до крај неизвесно се очекува да биде во Б групата, каде сите имаат шанса да се изборат за место во полуфиналето.

Што велат пропозициите во вакви случи?

Под реден број 10 стои: Ако три екипи имаат идентичен број на бодови, се формира мини табела во кој влегуваат само резултатите од меѓусебните натпревари. Во случај и тоа да е еднакво подобро пласирана ќе биде онаа екипа која дала повеќе голови. И ако тогаш е еднакво се пресметуваат постигнатите голвои во мечот со четвртиот тим во групата.

Денес играат :
20.45 Жито Леб – Џале Турс (мајсторка)
21.45 ВРаништа – Хотел Тино
22.34 Брник – Бел Мерцедес

Табела : Брник 6, Хотел Тино 3, Бек Мерцедес 3, Враништа 0.

Полуфиналните мечеви се играт во понеделник, додека финалето се игра во среда.