Младинскиот културен центар од Охрид во соработка со Туристичкиот сојуз вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе го организира Меѓународниот фестивал „Охрид- град на светлината“.

Во рамки на фестивалската вечер освен учесници од Македонија ќе настапат и ансамбли од Бугарија.

Влезот на фестивалот е слободен за посетители.

OhridNews