Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“, групата „Чалгија саунд систем“ ќе одржи предвелигденски концерт, на кој охриѓани ќе имаат можност да уживаат во звуците на македонската чалгиска музика.
Составот е формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг Форсис. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман на виолина, Бошко Мангаровски – канун, Филип Крстевски – дајре и тарабука и Дориан Јовановиќ на ут, а нивната идеја при формирањето н агрупата била да посегнат по старата македонска чалгаџиска традиција, при тоа создавајќи свои авторски композиции во тој дух.
По бројните настапи на сцените во државава, Чалгија саунд систем во декември 2010 година, го снимија материјалот за својот првенец, албумот што го носи името на составот.
Концертот ќе се одржи во големата сала на центарот за култура со почеток во 20:30 часот. Влезот е 100 денари.
OhridNews













