Овој концерт е еден во низата од 150 концерти кои ова лето ќе бидат одржани во Рим, како резултат на долгата соработка на фестивалот „Охрид те сакам“ и фестивалот Tempietto.
Предвидено е на концертите да настапат музичари од Македонија, како и младите музички надежи од ОМУ „Методи Патче“.
Главната цел на овој проект е промоција на младите и талентирани музичари од Македонија во Рим, но исто така и промоција на градот Охрид во текот на сите концерти кои ќе ги проследат над 30 000 илјади љубители на класичната музика.
Денешниот концерт се организира и во соработка со лајонс клубот Лихнидос од Охрид и дел од средствата ќе бидат наменети за најмладите музички надежи на кои им е потребна помош за нивното школување и усовршување.