Како што вели организаторот на концертот, Ташко Лаброски, целта е младите изведувачи да се промовираат пред охридската публика со што ќе стекнат искуство за понатамошните нивни настапи.
– Идејата за организирање на концерт беше моја, по што стапив во контакт со музичарите, се организиравме и се надевам се ќе помине во најдобар ред, вели Ташковски.
На вечерашниот концерт ќе настапат групите Енди рендом, КЈ Данте, Си би ес, Уличен аспект и солистите Елена Бујароска, Теодора Настоска, Драга Ставреска. Ќе биде изведена и Стенд ап комедија.
Влезот ќе чини симболични 70 денари.