
Ајман Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Основач е на Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“, со кој често настапува во Европа, Америка и Азија. Добитник е на повеќе награди на престижни интернационални натпревари, како и на повеќе признанија.
Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“ е водечки ансамбл во Казахстан. Основан е во 1991 година од страна на виолинистката Ајман Мусакајајева. Членовите на овој ансамбл се виртуози на својот инструмент, лауреати на повеќе интернационални натпревари, со одлична техничка подготвеност. „Солистичка академија“ е еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот.
Средствата собрани од продадените карти на вечерашниот концерт ќе бидат донирани за помош на поплавените подрачја.
OhridNews











