
Во 2001 година, дипломира на ФМУ во Белград, а потоа дополнително се усовршува во школата „Алфред Корто“ во Париз, во класата на Жермен Муние. По враќањето во Белград запишува магистарски студии на ФМУ во Белград, во класата на пијанистот Александар Сердар, а потоа и докторските студии во класата на пијанистот Дејан Синадиновиќ. Токму со делата на Фредерик Шопен Маџунков ќе го одржи својот прв самостоен концерт во 1995 година во Галеријата на САНУ во Белград. Филип Маџунков влегува во редот на оние претставници на новиот бран на млади уметници од кои се очекува да ги афирмираат дострелите на современата интерпретација во нашата средина.
Претходно, во изложбениот салон на Центарот за култура со почеток во 20 часот ќе биде отворен ликовната изложба „Огледало“ на која ќе бидат претставени дела од Гордана Тодевска. Гордана Тодевска е родена во Битола. Во 2004 година дипломира на Националната ликовна академија во Софија, Бугарија, на отсекот сценографија. Од 2005 година студира интериерен дизајн во Виена. Од 2007 година, живее во Колумбија, каде активно работи како сценограф, илустратор и уметник. Од тогаш до денес остварила бројни самостојни изложби, а исто така учестува во колективни изложби во различни држави. Работи како сценограф на повеќе опери, мјузикли, балети, концерти, илустрации на детски приказни. Моментално работи на својот проект перформанс и на сценографијата на балетот „Дон Кихот“.
OhridNews











