На репертоарот на охридскиот Народен театар, вечерва, е претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, а во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Како што вели режисерот Петрушева, „Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби“.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Почеток на претставата е во 20 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

OhridNews