Љубителите на добриот хумор вечерва во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе имаат уште една можност да го проследат урнебесното кабаре “2 Mothers Brothers“.

Во незаборавното шоу koe ja osvoi ohridskata publika, настапуваат познатите професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Тие во живо изведуваат динамични музички преработки, надополнети со извонредно креативен сценски материјал на теми од актуелниот живот.

Влезниците за урнебесното шоу по цена од 150 денари можат да се набават на касата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Кабарето „2 Mothers Brothers“ започнува во 20 часот.

OhridNews