Денеска од 20 часот во НУ Центар за култура – Битола,  жителите на овој град ќе имаат можност да се запознаат со несекојдневните фотографии на охриѓанецот Мишо Јузмески.

Изложбата со наслов „Охрид во 36 слики“, е плод на соработката помеѓу Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид и Фото Кино Клубот од Битола.

Инаку, изложбата во Битола ќе може да се посети до 20-ти април.

OhridNews