Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси. Вечерва повторно се чистат критичните точки низ градот.
Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе. Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок. Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Во зависност од потребите вечерва и во текот на утрешниот ден ќе бидат ангажирани и другите јавни претпријатија, информира градоначалникот.
OhridNews














