Вечерва во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид ќе се одржи предвелигденски концерт на младите таленти кои ја посетуваат едукативната „Бреинобреин програма“ во Центарот за развој на животни вештини при Црвениот крст Охрид.

Покрај музичките способности, 40 деца на возраст од 4-14 години ќе ги презентираат и техниките и вештини стекнати со „Бреинобреин програмата“, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.

OhridNews