Вечерва премиерата на документарниот филм „Свето Богојавление 2026“. Станува збор за заеднички проект реализиран од страна на Здружението „Богојавление Водици“ од Охрид, во соработка со Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА и Општина Охрид.
Документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, освен на главното случување, беше сниман и во неколку денови за време на подготовките на градот Охрид за големиот празник Богојавление – Водици, со цел пошироко да се раскаже приказната и значењето на самиот празник, неговата големина и светлина во срцата на луѓето, велат од Здружението.
Филмот е дело на Бојан Симјаноски, со музика на Горан Трајкоски. Премиерата ќе биде вечерва, 27 јануари 2026 година, во 20:00 часот, на интернет платформите YouTube, Facebook и Instagram, преку профилите на Богојавление Водици.
OhridNews












