Во големата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, вечерва, со почеток во 20 часот, Народниот Театар Охрид, премиерно ќе ја изведе претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

„Крик за љубов“ е „комедија на карактери“ натопена во љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Притоа се навлегува во суштината на феноменот наречен ТЕАТАР, т.е. колку театарот е живот, а колку, пак, животот е театар, постои ли граница помеѓу нив и како тие се испреплетуваат и преливаат еден во друг. На крај, се разбира, доаѓаме до чудотворното дејство на театарот врз реалниот живот. вели режисерот Љупчо Ѓоргиевски

Во претставата со која Народен театар Охрид одбележува 10 години постоење играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.

Претсвата ќе биде реализирана согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

OhridNews