Вечерва, со почеток во 20 часот, актерите од охридскиот Народен театар премиерно ќе ја изведат претставата „Балканска“ 3а/2 од Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Станува збор за трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски и Никола Тодоровски. Задолжен за сценографија/костими е Борис Георгиев, а за музиката Стефан Здравески.

Со премиерата на претставата „Балканска 3а/2“ ќе се одбележи осмиот роденден на охридскиот Народен театар.

OhridNews