Вечерва во студијата 2 и 3 на Македонската радио телевизија во 20.30 часот за претставниците на медиумите, премиерно ќе биде претставен хитот „Црно и бело“, со кој македонската поп дива Калиопи ќе ја претставува земјата на годинешниот Евросонг во Баку, Азербејџан, пренесува „Макфакс“.
Како што е познато, оваа година наместо национален избор, Македонија одлучи на ЕВРОСОНГ да ја претставува проверенмо музичко име.












