Од министерството за транспорт и врски информираат дека денеска се оддржал состанок на Координативното тело на кој се разгледувала состојбата во кризите пордачја по вчерашните врнежи.

Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите населени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип.

Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти. Се апелира до сите жители на овие места да се обратат до Општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување.

Координативнотот тело препорачува будно следење на состојбата од страна на сите надлежни институции и самите граѓани.  

OhridNews