Ново културно катче се раѓа во центарот на градот. Охрид конечно ќе го добие она што му недостасуваше: културен центар во кој луѓе од различни возрасти ќе можат слободно да ги изразат своите уметнички, занаетчиски и воопшто своите креативни потреби.

Свој настап ќе имаат и Д.А. Лори и Мила Коруновска кои ќе го збогатат настанот со својата поезија, секоја извонредна на свој начин, Лори со својата суштествена животна поезија, а Мила со својот воздушест младешки израз. Својата приказна преку поезија раскаже и извонредниот Ѓоко Здравески. Ова пропратено со звуците на нашиот талентиран гитарист Јон.
Отворањето на КУЛТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР е вечрва во 20:00 часот. Културниот центар е лоциран во срцето на охридската чаршија, кај скаличките.
OhridNews











