Опозициската СДСМ вечерва во 19 часот ќе одржи седница на Централниот одбор на СДСМ во седиштето на партијата, информира Макфакс.

Седницата следува откако на денешните средби со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на ЕП, Јиржи Бузек со премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски беше постигнат договор за политичката криза.

При тоа се договори воспоставување нормализацијата на политичките односи- враќање во парламентот на опозицијата и учество на локалните избори на 24-ти март.

OhridNews