
Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата за 2013 година ќе му биде доделена на Ристо Јачев за стихозбирката „Помнам“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе и биде врачено на македонската поетеса Николина Андова за дебитантска книга „Влезот е од другата страна“.
На вечерашниот меѓународен поетски митинг покрај добитниците на наградите, ќе настапат и поети од голем број земји во светот. Освен од Македонија, на 52. СВП учествуваат околу 50 истакнати поети од Бугарија, Грција, Англија, Германија, Египет, Индија, Јапонија, Израел, Кина, Русија, Полска и од Шпанија.












