
“ Хортус Музикус “ е уникатна појава во светската музичка практика на денешницата. Поттикнат од неговиот харизматичен раководител Андрес Мустонен, ансамблот е еден од пионерите во изведувањето на музиката од далечните епохи. “ Хортус музикус“ постои без малку 40 години – импресивен податок кој говори за исклучителниот креативен и истражувачки дух, потрага по нови остварувања и, се разбира, највисокиот професионализам. Со своите концертни програми „ Хортус музикус“ го опфаќа огромниот период од музичката историја – од грегоријанскиот корал до великаните на Барок од 18-от век. Наоѓајќи предизвик во „дијалогот на епохите“, “ Хортус музикус“ соработува со бројни истакнати современи композитори.
Освен концертот на ансамблот “Хортус Музикус”, денес на програмата на фестивалот се и двете репризни изведби на претставата “ Без наслов” во режија на Јозеф Наѓ, во Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 17 часот и 21 часот.











