Вечерва започнува 24-то издание на Поетската ноќ во Велестово
17.08.12 14:59
Денес и утре селото Велестово и Охрид по 24 пат се домаќини на традиционалната поетска ноќ. Организаторите најавуваат ноќи за паметење. Вечерва е посветена на творештвото на Раде Силјан.
Реномираниот македонски поет на денешната средба со новинарите се заблагодари на честа и вниманието што вечерва во Велестово ќе се беседи за неговото творештво.
-Бидејќи во континуитет сум присутен на средбите во Велестово можам да кажам дека убавата приказна што пред 24 години ја смисли организаторот Славе Ѓорго –Димоски придонесе да има оригинална и убава манифестација, на која денес и се радуваме. Со нејзиното создавање Велестово доби нов лик, изјави Раде Силјан.
Вечерва во селото ќе биде отворена изложбата на академик Васко Ташкоски кој со задоволство ја прифатил понудата да биде дел од годинешното издание.
-Велестово ми е познато и драго место на кое секогаш со задоволство би се вратил. Пред четири години токму тука учествував со свои дела на ликовна колонија. За вечерва избрав акварели кои мислам дека ќе соодветствуваат на поезијата од Силјан,истакна Ташкоски.
Вечерашната ноќ во Велестово ќе биде завршена со мини концертот на Владимир Василевски –Четкар.
Утре е интернационалната поетска ноќ. Ќе се чита поезија од: Бугаринот Роман Кисјов,Босанката Лејла Алимановиќ и Дашамир Мало од Албанија. Годинава за прв пат, втората ноќ е преместена во Лапидариумот непосредно до куќата на Робевци. Организаторите се одлучиле на овој чекор со намера да добијат помасовна публика која од година во година опаѓа поради релативната оддалеченост на селото Велестово од Охрид.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за култура од спонзори и Локалната самоуправа.
-Кога нешто убаво се прави искрено и возвишено за Велестово, Охрид и Македонија, мене не ми останува ништо друго туку да ја поддржувам оваа културна манифестација ,изјави градоначалникот Александар Петрески.
Почетокот на вечерашната поетска ноќ ќе биде во 21:30 часот, а утрешната ќе започне во 21 часот. По повод годинешното издание организаторите го објавија 13 издание на списанието посветено токму за него. Во минативе години манифестацијата била мозаик од трудови на познати македонски автори меѓу кои: Матеа Матески, Ефтим Клетников, Петре М. Андреески, Анте Попоски, Богомил Ѓузел и многу други.
Променливо облачно и студено со сончеви периоди Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег Ќе дува умерен, нам...
Националниот парк Галичица препознатлив по својата богата и ретка природа и неповторлива убавина, е честа дестинација на љубителите на планината Најпосетена е во топлите месеци, но планинарите и ал...
Сончевото време на првиот ден од Новата година и покрај ниските температури, ги наполни шеталиштата во Охрид По прославата на новата година на која неизбежна е богатата трпеза, охриѓани и бројните ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.