Веќе традиционално четврта година по ред, фестивалот кој е предвесник на богатата културно забавна програма на Охрид, Ohrid Wine Festival, ќе се оддржи следниве три дена, 26-ти, 27-ми и 28-ми јуни на кеј Македонија, пред хотелот Палас со почеток во 20 часот.
Денес на отворањето на фестивалот најавени се настапи на DJ Gec, Backdoor band, Тамара и Brass brothers. Вториот фестивалски ден, петок е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasti и Urban planet. Третиот фестивалски ден, во сабота, за забавата ќе бидат задолжени „Ареа“ и Влатко Лозановски, „Kамелеон“ и DJ Jana.
Повеќе од 25 македонски винарии и над 200 сорти на вино, како и вкусна охридска храна и деликатеси ќе понуди Фестивалот за посетителите.
Покровител на настанот е Општина Охрид, а организатор на истиот е „Крафт продукција“.
OhridNews