Деновите на капитенот во Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се одбројани. Најдобриот голгетер во историјата на „црвените ѓаволи“ не е задоволен од третманот од Жозе Мурињо, а на своите пријатели им се доверил дека ќе замине до крајот на овој месец.


Руни поради повреда пропушта три натпревари во серија, а португалскиот стратег Мурињо не беше оптимист дека напаѓачот ќе се опорави за финалето од Лига купот кое Јунајтед го игра в недела против Саутемптон.

Англискиот репрезентативец на масата има понуда од Кина вредна 35 милиони по сезона, а заинтересирани се клубови и од МЛС лигата кои се уште немаат конкретни понуди. Евентуален трансфер на Руни во Кина ќе треба да се комплетира до вторник кога завршува зимскиот преоден рок во земјата која фрла милиони во фудбалот.


Исто така една од опциите за Руни е и враќање на Гудисон Парк, од каде пред 13 години за рекордни 33 милиони евра направи трансфер во Манчестер Јунајтед по барање на Сер Алекс Фергусон.

Руни од договорот со најтрофејниот клуб во Премиер лига има уште сезона и пол, а како што стојат работите во Манчестер напаѓачот нема да крај да го одработи.

OhridNews