Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни минува низа тежок период во животот. Тој започнал да ја одработува казната од судот која му беше изречена за возење под дејство на алкохол, додека неговата сопруга Колин Руни која е бремена е на одмор со дечињата.
Судот во Ливерпул го прогласил за виновен Вејн Руни, кој покрај што возеше во алкохилизирана состојба имаше и афера со една старлета која приказната им ја „продала“ на англиските медиуми. Вејн Руни започнал со општо корисната работа, односно им се придружил на работници кои го средувале дворот во една болница близу Ливерпул.
Но, ова е мала грижа за фудбалерот со оглед дека бракот со Колин е пред сериозен тест, откако неговата сопруга самостојно трет пат по ред заминува на одмор, нешто што не и било практика до сега.
Руни скапо го плати возењето под дејство на алкохол
OhridNews