Трансфер сагата околу Вејн Руни заврши. Тој по 13 успешни сезони на Олд Трафорд се врати во Евертон и со својот матичен клуб потпиша двогодишен договор за соработка.
Руни на Гудисон Парк се пресели како слободен играч иако се шпекулираше дека ќе биде дел од трансферот на Ромелу Лукаку кој се случи во спротивен правец.
Сега веќе поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ во 2004 година како младо 18-годишно дете се пресели на Олд Трафорд и со екипата ги освои сите можни титули во клупските натпреварувања.
Руни во Евертон ќе го носи дресот со бројот 10, кој до минатата сезона му припаѓаше на Лукаку.
По потпишувањето на договорот фановите на Манчестер Јунајдет не штедеа пофални зборови за Руни, а тој изјави дека со нетрпение го очекува стартот на сезоната.
OhridNews