Веќе две децении вредните раце на Анастас Дудан изработуваат традиционални украсни орнаменти и релјефи
14.12.12 07:00
Креативниот дух на старите мајстори од пред неколку илјади години, создаде уметнички ракотворби од метална подлога, кои опстојуваат до денес. Овој стар занает на обликување на племенитите метали се уште не е изумрен. Веќе 20-тина години од вештите раце на нашиот сограѓанин Анастас Дудан, се изработуваат орнаменти од метал, кои го претставуваат целокупното македонско културно богатство. Мотивите од античкиот период, средновековието и христијанството, создаваат нераскинлива врска, при тоа изразувајќи го духот на нашето поднебје.
„Овој занает не ми е пренесен од родителите. Меѓутоа моето интересирање за културното наследство во земјава и конретно во Охрид, ми го привлече вниманието за оваа уметност. Како машински инженер, односно технолог на обоени метали, имам десетгодишно искуство во производство и обработка на овие материјали. Тоа ми беше предизвик да научам и пронајдам, како старите мајстори од пред илјадници години ги изработувале украсните и рељефни орнаменти. Знаењата ги црпев од многу луѓе, уметници и дизајнери, a сето тоа го сплотив, започнувајќи да ги изработувам овие дела.“ -вели Анастас Дудан.
Овој наш уметник претставува возобновувач на стариот занает, продолжувајќи ја вековната традиција од овие простори. Има обработено голем број икони кои содржат метални орвеоли и сребрени раце. „Во Охрид постои колекција на средновековни икони, од кои дел се украсени токму со овие орнаменти. Оковот претставува дополнителен украс на иконата, како орвеолите и сребрените раце. Во овие дела се среќаваат архангелите и ликовите на Исус, односно Богородица, кои се користат како апликации на иконата. “ – потенцира нашиот сограѓанин Дудан.
Најчесто се обработуваат племенити метали, како бакар, сребро и злато. Со специјални алатки, од рамната површина на овие материјали се изработува украсна орнаметика и рељеф. Потребни се неколку месеци, за создавање на едно вакво дело. „Овие орнаменти, кои можат да бидат ликови, цветови или некои мотиви од антиката, се интересни за човековото око. На почетокот, изработката на едно вакво дело бараше макотрпна работа од неколку месеци. Но со текот на времето и стекнување искуство, сега периодот на изработка е преполовен. Покрај искуството, потребно е и стрпливост за оваа работа. Не може во секој момент да се изработи некое дело, односно, потребна е некоја сталоженост и психичка подготовка.“ – истакнува Дудан.
Покрај средновековните, се обработуваат и мотивите од античкиот период. Тоа се експонатите кои се пронајдени во некрополата Требеништа, од кои ќе ги издвоиме познатите златни маски. Исто така, како мотиви се обработуваат македонското сонце и штит од времето на Александар, кои претставуваат симбол на вечноста. Овие уметнички експонати на Дудан, денеска ги красат просториите на Папата во Ватикан.
До сега тој има 10 самостојни и неколку групни изложби во Македонија и земјите од регионов. „Во моментов неколку мои дела се изложени на една групна изложба во НУ „Григор Прличев“. Од самостојните изложби ќе ги издвојам оние во Белград, Букурешт, Зрењанин, Скопје, Охрид, Струмица и Лесковац. Овие дела се доста интересни за туристите кои претстојвуаат во нашиот град за време на летниот период. Посебно се интересни Американците, кои го купуваат македонското сонце. Исто така, врз база на цртеж или скица, изработувам орнаменти по нарачка.“ – додава нашиот уметник Анастас Дудан.
Тој се надева дека оваа уметност ќе ја наследи некоја од неговите три керќи, кои пројавуваат интерес за овој стар занает. Овие експонати можат да се подаруваат, а притоа со својот мотив, рачната изработка и древната култура, да го прикажат целото македонско културно наследство. „Би сакал некоја од моите керќи да го наследи овој занает и да видат што значи оваа уметност. Едната керќа веќе професионално изработува филиграни, истовремено покажувајќи љубов кон старите занаети.“-завршува Анастас Дудан.
После долг период, во кругот на Општата болница Охрид решен е еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се и...
Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата на С Македонија, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачј...
Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж Охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.