Веќе шест недели недели охридската фамилија Рустем се наоѓа под отворено небо, откако пламените јазици во месец август целосно ја проголтаа семејната куќа на улицата „Андон Дуков“ во охридската населба Кошишта.

Пожарот го остави ова многучлено охридско семејство без покрив на главата, кое се наоѓа во исклучително тешка социјална состојба без никакви приходи. За својот проблем, Рустем се одлучија да проговорат пред медиумите со надеж дека надлежните во скоро време ќе им излезат во пресрет и помогнат во решавање на егзистенцијалниот проблем.

Веќе шест недели мораме да се снаоѓаме со покрив на главата, откако нашата семејна куќа целосно ја проголта пожарот од минатиот месец. Една недела потоа, дојдоа надлежните и ветија дека ќе помогнат. Од Црвениот крст добивме пакет и неколку ќебиња, но тоа е се. Немаме ништо каде да ставиме.“ – вели Дутрие Рустем.

Семејството Рустем кое преноќува во соседната куќа на нивни близок роднина, стравува за безбедноста откако невремето кое го зафати Охрид во изминатиот период, целосно го урна катот од опожарената куќа.

Во моментов сите заедно преноќуваме кај девер ми, односно во една соба живеевме сите осуммина. Условите се неподносливо тешки. Од силината на дождот, катот од куќата целосно се урна, но за среќа во тој момент децата играа неколку метри понатаму.“ – додава Рустем.

Таа потенцира дека нивното многучлено семејство за својата егзистенција мора да се снаоѓа од ден за ден, со оглед на невработеноста но и непримањето на социјлна парична помош.

Не земаме ниту социјално, ниту некаква помош поради тоа што во Битола имам 10 квадрати, каде во една соба живее мојата мајка која го чува мојот хендикепиран брат. Тука никој не е вработен, а од време на време некој ќе помогне. Се надеваме дека оваа недела ќе стигнат од социјалното и ќе видат дали можат некако да ни излезат во пресрет.“ – потенцира Рустем.

Ова охридско семејство истакнува дека на еден начин надлежните ги заборавиле, стравувајќи дека оваа зима ќе треба да преноќат на улица.

Нека видат што побргу да се реши овој проблем, бидејќи останавме надвор. Времето уште отсега залади, а не сакаме да помислиме што ќе се случи на зима. Понеделникот бев во општина, а оттаму ми рекоа дека ќе дојдат што побргу, но се уште ги нема. Како да остана се само на тие ветувачки зборови. Требало да се формира уште една комисија, па да дојдат.“ – велат од семејството Рустем.

Тие апелираат до локалната самоуправа заедно со комисијата надлежна за овој проблем, што побрзо да им помогнат.

Преку вашиот медиум го замолуваме градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, да помогне што може побргу. Сакаме однапред да се заблагодариме што не не“ заборавивте и што се уште се интересирате за нашиот проблем. Веруваме дека локалната самоуправа ќе ни помогне, бидејќи сме многучлено семејство без приходи.“ – додаваат од семејството Рустем.

Пред два дена, охридските советниците расправаа и за извештајот и дополнувањето на извештајот за опожарувањето на домовите на неколку охридски семејства во текот на 2013, а од локалната  најавија дека е формиран тим кој излегол на увид и во наредниот период ќе следи и исплата на парите за санирање на штетите.


целосно урната опожарената куќа на семејството Рустем

Инаку, пламените јазици целосно ја проголтаа семејната куќа на фамилијата Рустем на 15-ти август оваа година.

O.T.