Со свеќи во рацете, неколку стотини охриѓани веќе трет ден го продолжија мирниот протест на Здружената опозиција. Почнувајќи од централното градско подрачје, па се до булвеарот „Туристичка“, граѓаните го изразија револтотот од, како што рекоа, смрта на демократијата во земјава.

На мирниот марш присуствуваа и претставници на локална самоуправа, јавни претпријатија и револтирани граѓани од тоа што се случуваше изминативе денови.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Митре Велјаноски, посочи дека на 24.12 укинатата е уставната и парламентарна демократија во земјава.

Како што најавуваат од Здружената опозиција, протестите продолжуваат и во наредните денови.

OhridNews