Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ги покани меѓународните организации да ги набљудуваат претстојните локални избори коишто ќе се одржат на 24 март.

Претседателот на Собранието ги поканил претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Рикардо Миљори, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, да ги набљудуваат локалните избори и да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

– Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Македонија, велат од  Кабинетот на претседателот на Собранието.

OhridNews
Makfaks