Собранискиот спикер, Трајко Вељаноски, и официјално ги распиша предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27-ми април годинава.
„Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда”, истакна Вељаноски.

Денот на предвремените парламентарни избори ќе се поклопи со евентуалниот втор круг на претседателските избори. За актуелните недоумици и евентуални поклопувања ја повика Државната изборна комисија да даде свое толкување за проблемите кои се наметнуваат за текот на предизборниот процес.

„Орган за спроведување на изборите е ДИК и тие се овластени да ги спроведат законските одредби и да дадат толкување на одредбите кои треба да се спроведат. Од денеска сите недоумици за спроведување на изборите се кај ДИК и тие треба да ги истолкуваат. Јас мислам дека ДИК има капацитет тоа да го направи и да ги даде тие толкувања за учесниците во изборите да бидат рамноправно претставени”, рече Трајко Вељановски.

Решението за распишување на предвремените избори Вељаноски го потпиша откако вчера во Парламентот со 117 гласа „за” и ниту еден „против” и „воздржан” беше поддржана иницијативата на ДУИ за распуштање на актуелниот собраниски состав.

OhridNews
извор: Макфакс

Како да заработите пари? – Форекс Берзата рај за инвеститорите