Претседателот на собранието Трајко Вељаноски во интервју за МИА изјави дека утре ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на нивното одржување.
– Уставна надлежност и обврска на претседателот на собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во перидот од 12 март до 12 мај и јас утре во сабота ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржувањето .Во однос на прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени парламентарни избори, тоа не е во моја надлежност како претседател на собранието. Тоа е надлежност на собранието кое треба да прво да се самораспушти за потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. Во овој момент можам да кажам дека утре ќе бидат распишани претседателски избори , рече Вељаноски.
OhridNews
извор:МИА