Арсенал и Тотенхем прокнижија нови три бодови на табелата во Премиер лигата откако со идентични 2-1 славеа во дерби средбите со Лестер односно Манчестер Сити во 26-та рунда од првенството.
„Топчиите“ со голот на Дени Велбек во последната минута од мечот го совладаа Лестер кој имаше предност по првиот дел на Емирати. Џејмс Варди од пенал донесе предност за гостите, Тео Волкот во вториот дел го анулираше водството, а Велбек во 94та минута со победничкиот погодок ја врати неизвесноста во Премиер лигата.
По мирните 45 минути на Етихад, Манчестер Сити и Тотенхем распукаа во вториот дел. „Петлите“ стигнаа до водство со голот од пенал на Хари Кејн. „Граѓаните“ се вратија во игра по голот на Ихеаначо, но ги отпиша Кристијан Ериксен со голот по асистенцијата на Ерик Ламела.
Исто така за одбележување во 26-та рунда е убедливата победа (6-0) на Ливерпул против Астон Вила. Шесте погодоци за „црвените“ ги постигна шест различни фудбалери.
Резултати: Арсенал – Лестер 2-1, Мен Сити – Тотенхем 1-2, Астон Вила – Ливерпул 0-6.
Табела: Лестер 53, Тотенхем 51, Арсенал 51, Мен Сити 47, Мен Ју 41…
OhridNews











