Фудбалерот на Арсенал, Дени Велбек поминува низ тежок период, откако втор пат подлегна на оперативен зафат после фрактурата на ногата. Англискиот репрезентативец се повреди на дуелот со Споринт Лисабон во рамките од фазата по групи во Лигата на Европа.

  • Поради сериозноста на фрактурата Велбек мораше и втор пат да биде опериран. Втората операција не е изненадување, бидејќи неговата скршеница спаѓа во знакот на тешки повреди. Велбек почна со процесот на рехабилитација и се уште е рано да се каже терминот за неговото враќање на терените. – стои во соопштението од Арсенал.

Фудбалерот кој кариерата ја започна во Манчестер Јунајтед воопшто нема среќа со повредите, бидејќи претходно паузираше поради проблеми со коленото, а на Олд Трафорд исто така отсуствуваше поради разно разни повреди.

OhridNews