“Подготвен сум, како професионално и семејно реализиран човек, ослободен од егзистенционални проблеми, заедно со присутниот ентузијазам, психичката и физичка кондоција, да му го ставам на располагање на Охрид, градот со чија заслуга, ги постигнав сите успеси, во мојата 36. годишна професионална новинарска и политичка кариера.” Ова го нагласи потпретседателот на Социјалдемократската унија и носител на советничка листа во Охрид Веле Митаноски, промовирајќи ги Програмата и изборното лого.

“Оставам на моите сограѓани, да ја проценат искреноста во мотивите и намерите” – потенцираше Митаноски.

СДУ и Веле Митаноски, ќе настапат со изборното лого: “За достоинството на Охрид”.

“Мојата визија за Охрид, тргнува, пред се, од потребата: да му го вратиме достоинството на градот, Охрид да заживее неговиот вистински, историски, културолошки и општо цивилизациаски дух, дух – да зрачи, во земјата и на сите светски меридијани. Охрид да се издигне како втор столичен град во земјата, по примерот на еден Санкт Петерсбург, што васушнос и е градот, во еден период од годината. Го посакувам Охрид како огледало на Македонија пред светот”– рече носителот на листата на советници на СДУ, Веле Митаноски, на прес конферненција што денеска се одржа во просториите на огранокот на партијата во Охрид.


Веле Митаноски – СДУ

Образлагајќи ги приоритетите од Изборната програма, Веле Митаноски, напомена дека, тргнал, пред се, од потребата, градскиот совет да се издигне во својот авторитет.”

Најважно е на Советот да му се обезбеди граѓански карактер и функција. Во помошните тела на Советот, преку кампања за промена на одредбите од Законот за локална самоуправа, да бидат вклучени насдворешни лица, експерти за одделни области. Да зајакнат граганските иницијативи, отчетноста и јавноста, преку притисокот на медиумите и невладините организации”, напоменува Митаноски.

Тој истакна дека апсолутен приоритет  на СДУ ќе биде конечно да се донесе посебен Закон за Охрид, а меѓу приоритетите ќе биде и урбанистичката сфера,

На денешната прес конференција, беше презентирана и неговата веб- страница (http://velemitanoski.mk/), и рекламниот материјал преку кој СДУ ќе се презентира листата пред охриѓани.

Ohridnews