
Како што е најавено, на средбата, ќе се разговара за статусот на невработените лица, со над 25 години работен стаж и за нерегулираниот статус на лицата што се пријавуваат во Агенцијата за бвработување, односно за модалитетите како конечно би можел да се реши статусот на овие луѓе. Социјалдемократската унија искажува перманентна поддршка на оваа категорија грагани, што може да се заклучи и од досегашните изјави на високи претставници од Центѕралното, како и општинското раководство на Партијата.
Средбата ќе се одржи во седиштето на Здружението, на улица “Димитар Влахов”(зграда на Синдикатот и Социјалистичката партија).











