Во рамките на втората фаза од изборното претставување, синоќа потпретседателот на СДУ и носител на Советничка листа, заедно со претседателот на Општинската организација на Партијата Марко Спасески и кандидати за советници, од листата, престојуваа мегу жителите од месната заедница”Радојца Новичиќ”. Иако е периферна населба, позната уште и како  “Кај Црногорцине”, оваа населба, од ослободувањето до денес е пример на соживот, но и пример на активност.


“Убаво се сеќавам кога заедно со вас, пред 30 и кусур години, со свои средства и работна рака, го поставивме камен темелникот на денешниот дом. Заедно градевме водоводи, канализација, ги проширувавме патиштата, во што не е тајна, предначеше моето семејство”, рече Веле Митаноски. Тој додаде дека, одтогаш досега не е изградено ништо заедничко како објект, а Домот го користат и Општата болница, играорни и спортски секции”.


Митаноски презентираше фотографија
од поставувањето на камен темелникот на Домот

Митаноски, рече дека токму во оваа населба ги учел првите вештини на политичкото дејствување. Од Крсте Најденоски, Иван Наумоски, Љубе Јованоски, но, пред, се од својот родител и голем активист Ристо Митаноски. Во оваа населба живеат најголемиот дел од поранешните жители во Црвена Вода, каде исто така, Митаноски водел акција за изградба на новиот пат, заедно со Ангелина Азеска, Ристо Јосифовски и другите соселани.


Веле Митаноски, им оддаде признание на поранешните советници од оваа населба, со чија активност е изградена убава пристапна и осветлена сообраќајница. “Советниците од СДУ, а пред се јас самиот, ќе продолжиме со уште поголем ентузијазам, не само поради фактот што целото семејство ми живее во Радојца Новичиќ, или потака во Долно Лакочереј, туку, пред се, затоа што во мојата програма развојот на приградските населби има апсолутен приоритет. Треба да се изедначуваат условите за живот, зашто Охрид е на целата негова територија, а локалната власт мора да води подеднаква грижа”, им рече синоќа на жителите од населбата “Радојца Новичиќ” Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничка листа.