Потпретседателот на Социјадемократската унија (СДУ)и носител на советничка листа во Охрид Веле Митаноски, заедно со претседателот на Општинската организација на СДУ за Охрид, Марко Спасески, денеска претпладне, остварија средба во седиштето на Регионалното здружение на граѓани – загубари, технолошки вишок и стечајни работници, во Охрид. Во разговорите со претседателот на Здружението Иван Николоски и со членови на Претседателството на Здружението, учествуваа и неколкумина од листата на СДУ за Советот на општина Охрид.


На средбата, најповеќе станало збор за статусот на невработените лица, со над 25 години работен стаж и за нерегулираниот статус на лицата што се пријавуваат во Агенцијата за бвработување, односно, како што по средбата изјави за медиумите Веле Митаноски, за модалитетите –  како конечно да се реши статусот на овие луге.

” Социјалдемократската унија, како и јас самиот, искажуваме перманентна поддршка на оваа категорија наши грагани” рече Веле Митаноски. “Како пратеник во Собранието на Република Македонија, продолжи Митаноски, гласав за Законот за материјално обезбедување на стечајците, што тогаш го поднесоа колегите од ВМРО – Народна партија. Не е тајна дека бев единствениот од мојата пратеничка група, како што не е тајна дека издвојував и скромна материјална помош, за стечајците кои штрајкуваа наспроти собраниската зграда, во паркот “Жена борец”. Но тоа е најмалку важно. Најбитно е, да се постигне политичка воља, кај сите субјекти – парламентарни и вонпарламентарни партии во земјата и да не се избегнува обврската кон оваа категорија наши грагани, кои, не по своја вина, останаа на маргините на општеството изјави Веле Митаноски. ” “Тоа се наши грагани. Тие луге не бараат ништо надвор од Уставот, истиот оној акт, кој Република Македонија ја дефинира камко социјална држава. Овие луге немаат друга татковина освен Република Македонија, па одтаму Владата и Парламентот, се најповикани да го решат нивниот статус и да им об езбедат миниму животна егзистенција, додаде Митаноски.

Митаноски, обелодени дека, од 18 април годинава, и самиот формално ќе пристапи во членството на ова Здружение. ” Нема да ви кажувам, зошто токму од 18 април. Високо ја ценам вашата професионалност и дух на истражувачко новинарство, па самите откријтего повод”, им рече на охридските новинари Веле Митаноски, потпретседател на Социјадемократската унија и носител на Советничката листа на Партијата во Охрид.


Претседателот на Здружението Иван Николоски, во кратката изјава за медиумите рече, дека е добредојдена поддршката од сите политички субјекти. “Поддршката на Веле Митаноски, ни е драгоцена, затоа што доаѓа од искрен пријател и што ја имаме во континуитет, последниве неколку години. Митаноски и како новинар и како пратеник и сега како граганин живее со нашите проблем ии ни ја дава неопходната поддршка”, истакна претседателот на Регионалното здружение на грагани – загубари, технолошки вишок и стечајни работници, со седиште во Охрид, Иван Николоски.