“Сега е сезона на празни ветувања. Ќе дојдат, ќе ветат и повеќе нема да се вратат. Затоа, најодоговорно, ја преземаме обврската, со нас во Советот на општина Охрид, локалната самоуправа да го промени односот кон Куратица,” им рече синоќа на жителите од ова село Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на советничка листа.


“Навистина е непотребен луксуз и неодговорност, да го имате највисокото населено место во целата земја, на само дваесетина километри од градот, а да не знаете, или да не сакате да ги искористите неговите потенцијали”, рече натаму Веле Митаноски. Куратица е населено место на 1.100 метри квадратни, со близу 300 постојани жители, со голем потенцијал од аспект нас руралниот туризам. Терени за планинарење, водопади, богато украсени пештери, искуство во подготвување селски специјалитети, органска храна…

Жителите на Куратица, се пожалија на заборавеност од страна на локалните и централните власти. Имаат водовод со капацитет што не ги задоволува потребите, размислуваат за пречиститерлна станица. Имааат пристапна асфалтирана сообраќајница, сега со многу одрони, зиме со снежни намети. Жител на селото со своја механизација го одржува патот, но, вели, не му го исплаќаат надоместокот навреме, и покрај склучениот договор.

“Советот на општината и градоначалникот, во иднина ќе стојат зад сите ваши проекти, сеедно дали се врзани со јануарскиот карневал, или со комуналните зафати”, им гарантираше синоќа на жителите од Куратица, Веле Митаноски потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа.


Претседателот на Општинската организација на СДУ во Охрид, Марко Спасески, кој и самиот  водел проект за одводни канали и уредување на речното корито во Куратица, им кажа на жителите дека, никојпат не ја прекинал врската со нив и дека е подготвен да се вклучи во сите наредни проекти, за што има одлична комуникација со месната заедница и нејзиниот претседател. Спасески, рече дека на жителите може, покрај со невладините организции, да им се помога и со јавен притисок преку средствата за јавно информирање, а првиот практичен чекор ќе биде обезбедување на сигнал, преку “Т-Мобиле”, информираше партиската прес служба.