Конечниот расплет на двете Втори лиги даде точна насока за екипите од петте региони во третолигашката конкуренција. Во Вторите лиги нема испаѓање, а испразнетите места на Пелистер и Беласица ќе бидат попалнати по пат на бараж.

За местото на западот ќе се борат шампионот од југозападниот регион Велешта, Фортуна Синѓелиќ (среден регион) и Беса Добар Дол (западен регион). На истокот за второлигашкиот билет ќе се борат Слога Виница (источен регион) и Росоман (јужен регион).

Во баражите на западот ќе се игра систем секој со секого, додека на истокот единствениот натпревар ќе биде финале.

Раководството на југозападниот регион во кој се натпреваруваат охридските екипи означи крај на сезоната. Велешта е прогласена за првак и испаѓање нема. Од Општинската фудбалска лига Охрид влез во Трета МФЛ обезбеди Воска Спорт.

OhridNews