Капитенот на охридскиот прволигаш, Александар Велески е на излезната врата од клубот. Дефанзивецот во Охрид дојде на средина на минатата сезона, беше еден од стандардните во тимот кој се избори за влез во Првата лига, и ги одигра сите 1620 прволигашки минути за “белиот“ тим. 


– Ситауцијата по првиот дел од сезоната ја знаете сите, имав средба со челните луѓе на клубот на која не успеавме да ги договориме условите под кои би ја продолжил соработката и се одлучив да заминам – вели Велески.

Дефанзивецот индивидуално работи на одржувањето на кондицијата, а како што вели до крајот на преодниот рок ќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.

– Имам понуди од неколку прволигашки клуба, а исто така постои интерес и од второлигаши кои се аспиранти за влез во елитата, до крајот на неделава ќе биде донесена конечната одлука. Но новиот тренер и на моите поранешни соиграчи им посакувам се најдобро – рече Велески.

Покрај Велески, досега охридскиот клуб го напуштија Пројков, дефанзивецот Ѓорески кој го засили 11 Октомври, Ф.Митрески и најдобриот стрелец Димовски преминаа во есенскиот вицепрвак Металург, а заминување најави и дефанзивецот Белица.

М.П.