Лионел Меси постигна два погодоци од кој еден беше фантастичен во победата на Барселона над Хетафе 2-0 во „Копа Дел Реј“. Со овој триумф каталонците го заверија пласманот откако на „Ноу Камп“ триумфираа со 4-0.

Вечерта ја одбележа Меси откако во вториот дел нанинажа неколку фудбалери и голманот на Хетафе и ја затресе празната мрежа. Претходно токму Аргентинецот го постигна водечкиот погодок за избраниците на Тата Мартинез.


Резултати : Хетафе – Барселона 0-2 (0-6), Виљареал – Реал Сосиедад 0-1 (0-1).

Мх.П.