По десетина сезони минати во Европа на „печалба“ аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез се врати во својата родна земја потпишувајќи договор со Бока Јуниорс.
Навивачите на Бока заедно со еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона му приредија величенствен пречек на Тевез на „Ла Бомбоњера“ по повод враќањето во екипата.
– Кога заминав од овде бев млад имав само 20 години, сега се враќам на 31 и ќе имам поголеми обврски. Сметам дека сум во најзрелите фудбалски години и можам уште многу да понудам. Имав неколку понуди во Европа, но се решив да се вратам дома. – рече Тевез.
Во авантурата низ Европа, Тевез настапуваше за Вест Хем, двата клуба од Манчестер и италијанскиот Јувентус.
Мх.П.