После полни 17 години, многу титули, безброј натпревари, победи и кошеви и официјално кошарката се повлече Димитрис Дијамантидис.
Во ноќ посветена само за него и исполнета со многу емоции, натпревар одиграа Панатинаикос и Европскиот првак, ЦСКА Мосвква.
Навивачите му приредија величенството збогум со овации и баклијадата, а во текот на скандирањето на неговото име, големиот играч не можеше да ги скрие емоциите.
– Осеќам нешто посебно према Јанакопулос и Обрадовиќ. Посакував и Жељко да биде тука, но тој има обврски со Фенербахче и оправдано отсуствуваше од овој спектакл. – потенцираше Дијамантидис кој благодарание на двата споменати тренери го доби епитетот легенда во Евролигата.
Во негова чест „детелините“ го повлекоа дресот со број 13 од понатамошна употреба и го испратија својот капитен меѓу живите легенди.
OhridNews