Телевизија Фокс Спорт која требаше да го емитува финалниот натпревар меѓу Атлетик Национал – Чапекоенсе со величествен потег се збогува со починатите членови на бразилската екипа.

Натпреварот се одложи, а терминот за емитување, не. Телевизијата во 90-те предвидени минути за фудбал не емитуваше ништо и така му оддаде почит на членовите од Чапекоенсе кои загинаа во авионската несреќа.


Почит на маестрален начин на бразилците им оддадоа навивачите на Атлетик Национал кои се собраа на стадион и во еден глас пеаја песни за противникот во финалето.

Во авионската несреќа која се случи во Меделин, непосредно пред слетувањето загинаа 71 патник, а само пет души ја преживеа несреќата.

OhridNews